Буквално последен напад. Судијата Даниеле Орсато покажа пет минути судиско продолжение, а мечот влезе и во седмата минута по регуларните 90. Топката дојде до Запата, кој шутира кон голот на Интер, во гредата, а потоа топката се спушта зад гол-линијата. Перишиќ ја шутна брзо, но, сепак, гол – технологијата покажа дека се работи за регуларен погодок и Милан успеа да извлече реми во градската пресметка против Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА