Кинезите продолжуваат да го „прогонуваат“ Кристијано Роналдо! Како што пренесува мадридски „АС“ неименуван кинески клуб подготвил „лудачка“ понуда од неверојатни 200 милиони евра да го украде Португалецот од „кралскиот клуб“.
Но, тука не е крај на бројките. За самиот Португалец е подготвена понуда од дури 120 милиони евра – годишна плата, со што Роналдо би станал апсолутно најплатен спортист на сите времиња. Но, според пишувањата на „АС“, големи се шансите Кинезите повторно да добијат негативен одговор.
Роналдо минатата година го продолжи договорот со Реал до 2021 година. Има 32 години, игра во животна форма, а се очекува во јануари 2018 да ја добие и петтата Златна топка во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА