„Лудакот“ од Уругвај постави нов рекорд: Абреу потпиша за 29. клуб во кариерата

Поранешниот уругвајски репрезентативец Себастијан Абреу продолжи да игра фудбал и во својата 40.година и го подобри сопствениот светски рекорд по бројот на клубови чиј дрес го носеше во досегашниот тек од кариерата. Легендарниот „Лудак“, како што е неговиот прекар, потпиша договор со второлигашот од Монтевидео, тимот на Централ Еспањол, а тоа е негов 29.клуб во кариерата.

Абреу првиот договор го имаше во далечната 1995 година со Дефенсор, а потоа имаше одисеја по Аргентина, Шпанија, Бразил, Мексико, Израел, Грција, Еквадор, Парагвај, Ел Салвадор. По последната бразилска авантура одлучи да се врати во татковината и го засили Централ Еспањол. Тој одигра 70 натпревари за селекцијата на Уругвај и постигна 26 гола за националниот тим.

 

Се вчитува...