Балканските екипи, Партизан, Динамо Тирана и Хајдук Сплит ги одиграа најдраматичните натпревари вечерва во 3. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. На крај, и на двата меча по продолженија, Партизан несреќно е елиминиран од шкотски Хибернијан, а Динамо Тирана го победи и го елиминираше сплитски Хајдук.
Партизан имаше 0-2 уште по првите 45 минути на гостувањето во Шкотска со што ја анулираше предноста на Хиберниан од Белград и победата од 0-2, а потоа следеше вистински шок за белграѓани по неверојатен гол кој ретко се гледа.
Во 60. минута Боуви постигна спектакуларен гол со шут од 35 метри, лобувајќи го голманот на Партизан па ја намали предноста на гостите на 1-2.
Потоа веќе во 63. минута следеше нов шок за Партизан, откако беше исклучен Симиќ. Сепак, Партизан и со играч помалку не се откажа.
Буквално во последната секунда од регуларниот дел на мечот, во 96. минута Костиќ погоди за 1-3, и за продолженија на дуелот.
И во судиското продолжение, Каден погоди за намалување на предноста на Партизан на 2-3 на мечот и доволно за пласман во плеј-оф рундата од Конференциската лига на УЕФА.
Во Тирана, пак, Динамо Тирана исто така по продолженијата го елиминираше сплитски Хајдук во балканската пресметка.
Динамо Тирана во регуларниот дел славеше со 1-0 со голот на Зебарџа уште во 14. минута, со што ја анулираше предноста на Хајдук од првиот натпревар.
И во продолженијата, Хајдук најпрво израмни со голот на Карачиќ во 99. минута, но потоа следеа два погодоци на албанскиот тим. Кардаку во 109. минута донесе 2-1 за Динамо, а Бериша во 111. минута ја запечати судбината на сплиќани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

