Фудбалерите на Саудиска Арабија станаа национални херои откако на премиерниот меч од СП 2022 го зедоа скалпот на големиот фаворит Аргентина, предводен од Лионел Меси.
Наредниот ден беше прогласен за празник, а државните челници во меѓувреме донесоа и одлука како да ги наградат репрезентативците. Наградата ќе биде исклучително богата, откако беше обелоденето дека секој од 25-те играчи, плус членовите на стручниот штаб ќе добијат по еден луксузен автомобил Ролс Ројс Фантом. Информацијата ја пренесоа сите медиуми од Саудиска Арабија, повикувајќи се на изјава на Принцот Мохамед бин Салман.
Станува збор за најевтин модел на Ролс Ројс од сите изработени во 2022 година, кој чини „само“ 450.000 евра по автомобил.
Нема сомнеж дека тоа ќе биде уште поголем мотив за репрезентативците на оваа земја пред утрешниот дуел со Полска, на кој би можеле со триумф да осигураат историски пласман во осминафиналето на еден мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА