Конфликтот меѓу управата на Барселона и Томас Ертел вечерва го достигна врвот откако каталонскиот гигант не му дозволи на францускиот бек да отпатува со остатокот од тимот назад во Шпанија, оставајќи го во Истанбул.
Барса претрпе пораз на гостувањето против Анадолу Ефес, но денешниот ден го одбележаа преговорите за размена со Фенербахче – Вестерман за Ертел. Конечно, сите детали беа договорени, за Ертел во последен момент да се премисли, да објави дека нема намера да замине во Фенер и да инсистира да му биде дозволено да се пресели во Реал Мадрид.
Очекувано, директорите на каталонскиот гигант полуделе од ваквиот непрофесионален однос на кошаркарот, но никој не очекуваше ваква казна – додека останатите кошаркари се качувале на авионот на Ертел на аеродром му било кажано дека за него ќе нема место и ќе мора да остане во Истанбул.
Оваа сега дефинитивно нема да заврши тивко…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА