Трошењето на пари во ПРемиер-лигата достигна граници што се недостижни за останатите земји ширум светот на фудбалот. Челси потроши богатство на бројни засилувања во јануари, но кога станува збор за бројот на трансфери во текот на една сезона, тука апсолутен рекордер е Нотингем Форест. „Шумарите“ денеска го официјализираа доаѓањето на Андре Ају, кој стана 30. засилување на Нотингем во текот на оваа сезона.
Овој клуб по подолга пауза се врати во Премиер-лигата, а управата на клубот во изминатите месеци еуфорично трошеше пари на бројни засилувања, вкупно купувајќи или позајмувајќи дури 30 фудбалери. Интересно, газдата на клубот на средина од сезоната во тек на резултатската криза, реши да го отпушти спортскиот директор поради бројните трансфери, но тој тренд продолжи и во текот на јануарскиот преоден рок.
Ају потпиша надвор од преодниот рок бидејќи доаѓа во Нотингем како слободен играч, по истекот на договорот со катарскиот клуб Ал Сад. Клучен во преговорите беше менаџерот на Нотингем Форест, Стив Купер, со кого Ају имаше беспрекорна соработка додека двајцата беа дел од Свонси, во периодот од 2019 до 2021 година.
„Среќен сум што неколку месеци откако играв на СП во Катар, имам можност да се вратам во најсилната лига во светот и да го облечам дресот на клуб како што е Нотингем Форест“, изјави 33-годишниот репрезентативец на Гана.
🚨 All 30 of Nottingham Forest’s transfers since the summer. 😨💰
(📸 @433) pic.twitter.com/IXSF9YMP1n
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

