Лудило без граници: Партизан ќе игра четири натпревари во пет дена?

Само ден откако го потврди своето учество во финалето во АБА лигата, Партизан доби вести кои воопшто нема да му се допаднат бидејќи беше објавен и распоредот на натпревари за полуфиналето од плеј-офот во српската кошаркарска лига кои носат четири натпревари во само пет дена.

Имено, полуфиналата серија помеѓу Партизан и ФМП е закажана за почеток во среда, 4. јуни во Белград, а ден подоцна „црно-белите“ ги очекува и првиот натпревар од финалето во АБА и тоа во Подгорица против Будуќност.

Избраниците на Обрадовиќ ќе добијат и ден одмор пред го одиграат вториот натпревар од АБА финалето на 7. јуни и реванш дуелот од полуфиналето во КЛС на 8. јуни.

Засега останува непознато дели кошаркарската федерација на Србија ќе му излезе во пресрет на Партизан и ќе ги одложи домашните натпревари до крајот на АБА лигата, но со оглед на релацијата која ја имаат клубот и федерацијата во последните години не се исклучува и можноста „црно-белите“ да регистрираат само младински кошаркари за натпреварувањето.

Се вчитува...