Лудило: Челси плаќа 80 милиони евра за Кепа од Атлетик Билбао

Кепа Аризабалага е изборот на Челси за нов голман како наследник на Тибо Куртоа, но лондонскиот клуб ќе треба да плати огромни 80 милиони евра за да го доведе чуварот на мрежата на Атлетик Билбао на „Стемфорд бриџ“. Причината е јасна – клубот од Баскија е познат по тоа што не преговара со заинтересираните тимови за своите фудбалери, па за да се доведе играч на Атлетик неопходно е да се плати неговата клаузула за раскин.

Во јануари тоа беше случај со дефанзивецот Лапорт при трансферот во Манчестер сити, а сега истото ќе го стори и Челси со Кепа. Станува збор за талентиран 23-годишен голман, кој сепак е недоволно докажан на големата сцена, а огромната сума за трансферот сигурно ќе донесе и уште поголем притисок врз него. Сепак, „сините“ немаат време за чекање бидејќи Куртоа е на пат кон Реал Мадрид, а наследник на Белгиецот мора да се најде во следните 48 часа, до затворањето на преодниот рок во Премиер-лигата.

Се споменуваше Џордан Пикфорд, но Евертон не сака ни да чуе за продажба на англискиот репрезентативец, опција беше и искусниот Пепе Реина, но во Челси се решени да го решат долгорочно проблемот со голманската позиција, макар и платиле 80 милиони евра за Реина.

Се вчитува...