Прва титула во историјата на клубот. Цел град на нозе. Риечани знаеја како да го прослават првиот шампионскиот пехар, со кој ја прекинаа доминацијата на Динамо Загреб во хрватскиот фудбал. Во историјата на хрватскиот прволигаш Риека со златни букви ќе останат запишани и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Леонард Жута, кои одиграа значајна улога во тимот што ја освои титулата.
А во градот се славеше цела ноќ, до зори…Повеќе од 20.000 фанови и граѓани на Риека излегоа на познатото ’Корзо’ за да им оддадат почит на фудбалските херои…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА