Лудило: Градинките и училиштата затворени, наставниците се на ракомет во Осло

Ракометот повторно создава еуфорија на територијата на Фарските острови откако оваа селекција обезбеди пласман на европскиот шампионат.

Над 5.000 жители на оваа земја со чартер летови отпатуваа за Осло да ги бодрат своите спортски херои, кои премиерата на ЕП 2026 ја имаат вечерва против Швајцарија.

За тоталната еуфорија доволно говори фактот дека дел од училиштата и градинките се затворени бидејќи наставниците организирано отпатувале за Норвешка, да ги бодрат ракометарите на европскиот шампионат.

„Не работат градинките, забавиштата, некое училиште… не работи ниту парламентот бидејќи сите сакаат да се во Осло, отпатуваа и голем број луѓе кои немаат билети во надеж дека сепак ќе најдат начин да влезат во салата“, изјави еден од илјадниците фанови на Фарските острови кои пристигнаа во Осло.

Се вчитува...