Лудило: Кари даде тројка од пред тунелот кон соблекувалните (видео)

Стеф Кари уште еднаш покажа зошто важи за најдобар шутер на денешницата, по неверојатната атракција по завршувањето на синоќешниот дуел со ЛА Клиперс.

Кари се упатуваше кон соблекувалната кога пред самиот тунел реши да ја исполни желбата на навивачите и да се обиде да даде тројка на спротивниот кош. Шутна со една рака преку целиот терен, а и самиот остана воодушевен кога топката заврши низ мрежичката.

Погледнете го овој неверојатен обид на суперѕвездата на Голден Стејт…

Се вчитува...