Лудило на Етихад: Тотенхем во 95. минута го „шокираше“ Манчестер Сити (ВИДЕО)

Тотенхем ја направи трката за титулата во Англија уште поинтересна, со победата над Манчестер Сити и тоа сред „Етихад“. Луд натпревар имаше попладнево во синиот дел на Манчестер, откако Тотенхем од третото водство на крајот стигна до трите бода од овој меч, со еден поништен гол и многу шанси на двете страни.

Дека Сити ќе има проблеми покажа почетокот, кога во 4. минута Кулушевски донесе предност за Тотенхем. Во 33. минута Гиндоган израмни на 1-1.

Кејн во 59. минута донесе ново водство за Тотенхем, а потоа истиот играч погоди за голема радост на лондонскиот тим, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.

Во финишот Сити со сите сили се обиде да дојде до израмнување, имаше шанса и Марез и Гиндоган, но до израмнување дојде во судиското надополнување по досуден пенал по сугестија на ВАР технологијата. Марез беше успешен од белата точка и донесе израмнување за Сити.

Но, тоа не беше крај на лудилото на „Етихад“. Кејн во 96. минута постигна гол по асистенција на Кулушевски, и овој пат немаше офсајд, и голот беше признат.

Се вчитува...