Лудило на Тевез: Старт за во затвор во 3. секунда од мечот (видео)

Карлос Тевез имаше момент на лудост на дуелот од лига-купот на Аргентина меѓу Бока Јуниорс и Талјерес, по бруталниот старт што голгетерот го имаше по само три секунди игра.

Имено, противникот штотуку тргна од центарот, кога Тевез со отворен ѓон стартуваше врз противничкиот фудбалер Томас Покетино, старт со кој многу често се крши нога на ривалот. За среќа, Покетино мина без посериозен проблем и можеше да го продолжи мечот.

Во целата ситуација се посрамоти главниот судија, кој немаше храброст да му покаже црвен картон на Тевез за оваа бруталност.

Се вчитува...