ЛУДИЛО ОД ТРАНСФЕР: Антонио Касано понуден на Шкендија?!

Се подготвува ли мегатрансфер во Тетово?! Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Милан, Интер и Рома, и долгогодишен италијански репрезентативец, Антонио Касано, е понуден на македонскиот прволигаш Шкендија, дознава ЕКИПА. Доколку овој трансфер евентуално се реализира, ќе биде тоа убедливо најголемото европско име што ќе заигра фудбал на македонската прволигашка сцена во овие изминати 25 години.

34-годишниот голгетер изминатите две сезони ги мина во калчолигашот Сампдорија, но одигра малку официјални натпревари во Серија А и имаше многу несогласувања со тренерот Марко Џампаоло и претседателот на клубот Масимо Фереро. Антонио Касано низ целиот тек од кариерата го следеше неговиот темпераментен дух, но неговите фудбалски квалитети се неспорни, иако е навлезен во 35-тата година од животот.

Неговите менаџери му бараат нов клуб, па тој беше понуден и на клубови од Кипар и од Албанија. Има преговори и да се врати во Бари, неговиот матичен клуб, но прашање е што би се случило доколку раководството на Шкендија навистина сериозно „загризе“ за да го добие ова фантастично засилување.

Антонио Касано е еден од легендарните италијански напаѓачи во изминатите две децении. Ја почна кариерата во Бари, блесна во Рома под водство на Фабио Капело, потоа направи и трансфер во Реал Мадрид. По ова, се врати во Италија и беше дел од Сампдорија, Милан, Интер, Парма. Доколку постои и најмала шанса да го облече дресот на Шкендија, би било тоа лудило од трансфер…

ТОБИАС ХЕНЕБЕЛ ОД МАЈОРКА ПРЕД АНГАЖМАН

henebel

Пред ангажман во редовите на Шкендија е и 24-годишен Германец Тобиас Хенебел. Последен ангажман за дефанзивецот е шпанската Мајоркс, а претходно има соработувано со Томас Брдариќ во вториот тим на Волфсбург. Има настапи и за вториот тим на Ајнтрахт Франкфурт.

Се вчитува...