ЛУДИЛО ВО 4 МИНУТИ НА „ЕЛ КЛАСИКО“: Барса и Реал со три гола во судиското продолжение за супер-полувреме (ВИДЕО)

Вистински супер-полувреме на финалето од Суперкупот на Шпанија. Барселона и Реал Мадрид играат 2-2 по првите 45 минути во уште едно „Ел Класико“ во кое дури три гола имаше во судиското продолжение на првиот дел.

Во финалниот меч кој се игра во Саудиска Арабија, Барселона прва постигна гол. Иако Мадрид имаше две шанси преку Винисиус и Гарсија, кои шутираа слабо и стигнаа само до рацете на Гарсија, Каталонците поведоа.

Рафиња прво го промаши по феноменалното додавање на Јамал, но кратко потоа во 36.минута речиси од истата позиција постигнува гол за прослава на своите соиграчи и сите навивачи на каталонскиот тим.


И потоа, во втората минута од судисокото продолжение Винисиус Жуниор со мала мајсторија израмни на 1-1.


Кога се чинеше дека така ќе се оди на пауза, Левандовски спектакуларно погоди во 45’+4 за 2-1.


И тоа не беше се. По корнерот во 45’+6 минута, Гонзало Гарсија погоди за 2-2 пред паузата.

Се вчитува...