Партизан покажа неверојатен карактер и со супер пресврт во последните десетина минути успеа да слави над Црвена Звезда со 79-76, за втор триумф во низа на „црно-белите“ по заминувањето на Жељко Обрадови.
Навивачите со свирежи ги испратија своите кошаркари минатата седмица против Баерн, но овојпат ситуацијата беше обратна, па големата победа над вечнниот ривал беше еуфорично прославена. Црвена Звезда има за што да жали ако се знае дека по одличната трета четвртина на Нвора гостите имаа и 16 поени предност (44-60).
Партизан покажа неверојатен карактер, се врати и предводен од Вашингтон и од Тајрик Џонс стигна до огромна победа.
Вашингтон беше прв стрелец со 25 поени, Џонс имаше 15 поени и 8 скокови, додека Нвора и Батлер со по 20 поени беа најефикасни кај Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

