Лудило во Дортмунд, Гираси со два гола за две минути донесе победа

Борусија Дортмунд се приближи на шест бода заостанување зад лидерот Баерн Минхен откако „милионерите“ вечерва по голема битка го совладаа Хајденхајм со 3-2.

„Фенерџијата“ им создадоа неочекувано големи проблеми на избраниците на Нико Ковач, кои поведоа преку Антон, но потоа примија два гола, а Хајденхајм при 1-2 промаши и зицер од три метри.

Казната стигна кон средината на второто полувреме, кога Гираси за две минути постигна два гола. Најдобриот напаѓач на Борусија најпрвин од пенал израмни на 2-2, а веќе во следниот напад мајсторски реализираше во мрежата за целосен пресврт и огромна радост на домашните фанови во Дортмунд.

Гираси имаше идеална можност и за хет-трик во второто полувреме, но одличниот голгетер се посрамоти при вториот изведен пенал, шутирајќи над голот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...