Лудило во Дортмунд со хепи-енд за Германија, на другите мечеви има продолженија (ВИДЕО)

Германија успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Лигата на Нации, и таа сама ќе го организира откако вечерва во Дортмунд со втора победа ја елиминираше Италија. Откако по првиот меч во Милано, Германците победија со 1-2, на оваа средба одиграа нерешено 3-3.

Германците имаа комотно водство од 3-0 на полувремето, но дозволија Италија да им се „извлече“ и да дојде до нерешен резултат, па дури во финишот и да дојде до потребниот триумф.

Кимих од пенал во 30. минута донесе предност за Германците, а потоа Мусиала со ретко виден гол ги измами Италијанците за 3-0. Клајнденст во 45. минута зголеми на 3-0. Италија одигра сосема поинакво второ полувреме, и беше блиску да се врати во мечот. Мојс Кин во 49. минута намали, а истиот играч во 69. минута ја донесе Италија да брка и да избегне пораз. Тоа се случи во судиското надополнување, откако Распадори од пенал успеа да израмни, но недоволно да дојде до победа која ќе донесе продолженија.

На останатите натпревари во битка за полуфинале има продолженија. Франција со 2-0 ја совлада Хрватска со головите на Олисе од слободен удар и на Дембеле по одлична акција.

Португалија со 3-2 ја совлада Данска и по оние 1-0 од првиот меч, тимот на Роналдо се избори за продолженија, додека Шпанија и Холандија одиграа 2-2, исто како и на првиот меч, и тие отидоа во продолженија.

Се вчитува...