Лудило во Египет: Судија поништил гол по преглед на снимка на мобилен телефон

Египетскиот судија Мухамед Фарук, е суспендиран од страна на федерацијата откако во текот на еден натпревар поништил гол откако од гледач го земал мобилниот телефон, и така донел одлука.

Се случило тоа на натпревар помеѓу Суец и Ал Наср, а гостите се радувале на гол за израмнвуање, а потоа шок.

Фарук успеал да го земе мобилниот телефон од гледач за да ја види снимката, затоа што домашните протестирале, тврдејќи дека еден фудбалер на Ал Наср играл со рака пред постигнувањето на голот. Судијата го поништил голот, а потоа е суспендиран.

Египетскиот судија во соопштението наведе дека Витор Переира, кој го змаени Марк Клатенбург, на местото шеф на судискиот комитет во овој месец, се одлучил да ги суспендира судиите на овој меч на неодреден период.

Екипата на Суец победи со 3-1.

Се вчитува...