Кошаркарите на Хјустон и ЛА Лејкерс на новогодишната ноќ го одиграа еден од најспектакуларните мечево сезонава во НБА лигата. На мечот со дури 290 вкупно поени, на крајот триумфираше Хјустон по продолжението со 148-142.
Првата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден заврши со 40 поени и 11 асистенции, но неговиот ефект можеше да биде и уште поголем ако не се повредеше на крајот од регуларниот дел. А во продолжението се во свои раце презеде Крис Пол постигнувајќи 15 поени и на тој начин го однесе Хјустон до победата. Пол за 42 минути мечот го заврши со 28 поени, 10 асистенции и 6 скока.
Во поразениот состав одличен меч одигра Тајлер Енис со 20 поени и 11 асистенции. Најефикасен беше Рендл со 29 поени и 15 скока.
Оклахома, пак, доживеа нов пораз од далеку послаба екипа од себе. Далас ги победи со 116-113.
Оклахома игра одлично против „плеј-оф“ екипите но се мачи против оние послабите. Далас на гостувањето беше предводен од Херисон Барнс кој постигна 24 поени, со 4 скока и две асистенции.
Кош за продолжение промаши Расел Вестбрук, но и покрај тоа одигра одличен натпревар со нов „трипл-дабл“ од 38 поени, 15 скока и 11 асистенции. Го следеше Пол Џорџ со 25 поени, односно Кармело Ентони со 21 поен.
Вашингтон после драмата славеше против Чикаго со 114-110. Бил беше феноменален со 39 поени, 9 скока и 9 асистенции, а Вол на другата страна имаше 21 поен, 9 асистенции и 6 скока.
Бостон го победи Бруклин со 108-105, а најефикасен беше Кајри Ирвинг со 28 поени. Победа славеше и Филаделфија која триумфираше на гостувањето против Феникс со 123-110. Дарио Шариќ одигра одлично постигнувајќи 27 поени, дополнето и со четири скока. Ембид запиша 22 поени, но и се повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА