Вистинско лудило владее во Италија откако шпанските, италијанските и португалските медиуми речиси едногласно со огромна сигурност го најавуваат трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус.
„Тоа е готова работа! Роналдо оди во Јувентус… Италијанците се подготвени да платат 100 милиони евра на Реал и на тој начин да ја активираат откупната клаузула. Во Италија владее толкава еуфорија што веќе се печатат црно-бели дресови со најдобриот фудбалер на светот“ – пишува шпанска „Марка“.
Спомнатата клаузула, всушност, е таа која го налутила Роналдо затоа што беше намалена од клубот од милијарда на 100 милиони евра, но таа не вреди за ПСЖ, Барселона и англиските клубови. За Јувентус вреди!
„Ако вредам 100 милиони евра, тоа значи дека тие не ме сакаат“ – стои на насловната страна на „Марка“.
А, во моментите на најава на трансферот на Роналдо, веќе европскиот фудбалски свет се потсетува и на неговите зборови по четвртфиналниот меч во Торинот кога го „торпедираше“ Јувентус…
„Многу сум среќен затоа што Јувентус е клубот кој отсекогаш сум го сакал. Уште додека бев момче сакав да заиграм во овој клубот. Затоа сакам да им се заблагодарам на навивачите за аплаузите кои ги добив во Торино“ – изјави Роналдо по оние ножички кои и ги сервираше на „Старата дама“.
И португалската телевизија тврди дека трансферот е веќе завршена работа…
Роналдо по девет исклучително успешни сезони во Мадрид сака нов предизвик. Тоа е јасно. Таа желба потпалена е и дополнително со односот на клубот кон него, што и отворено го кажа по освојувањето на Лигата на шампионите во Киев.
Еден дел од проблемот е што Флорентино Перез го изигра околу новиот договор. Португалецот сакаше еднаква заработка како и Меси и Нејмар, а не двојно помалку од нив. Роналдо има 23 милиони евра годишно, и откако клубот не сакаше да му даде таков договор едноставно се налути! Беше погодена неговата гордост и сега враќање нема!
Иако, сега веќе и парите воопшто не играат пресудна улога затоа што Јуве ја нема таа платежна моќ. Но, трансферот во Торинот би бил еден вид освета на Роналдо кон досегашниот негов клуб!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА