Кошаркарките на Баскет Кам намали на 2-1 во финалето во женската лига на Македонија, откако вечерва во еден луд натпревар славеа на гостувањето кај Бадел по продолженија со 73-74.
Гостинките од Македонска Каменица подобро го отворија натпреварот и по десет минути игра имаа предност од три поени 18-21. Домашниот тим заигра далеку подобро во вториот период, а на пауза замина и со поен позитива (34-33). Позитивата минимално „баделки“ ја зголемија и во третиот период и во влезот на последната четвртина имаа и плус три (54-51).
Во последниот период видовме неверојатен натпревар. На три секунди до крајот на мечот гостинките преку Алексиќ со тројка израмнија на 63-63, а веќе во следниот напад Стојановска со звукот на сирената во последната секунда од центар погоди тројка за победа од 66-63, но тој не беше признат од страна на судиите кои досудија топка за Бадел од страна во половината на гостите бидејќи времето не беше пуштено од записничката маса. Последниот шут не го погодија „баделки“, а натпреварот замина во продолженија (63-63).
Бадел подобро ги отвори и продолженијата и имаше предност се до последниот напад во кој Алексиќ со тројка успеа да донесе победа за гостите 73-74. Баскет Кам намали на 2-1 и останува во игра за титулата во женското првенство.
Александра Стојановски со 22 поени повторно беше име број еден во победничкиот табор, додека Ивана Кметовска заврши со 16 поени. Кај поразените Снежана Алексиќ заврши со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА