Интересно беше на дуелот од НХЛ-лигата меѓу Чикаго и Винипег, но уште полудо беше во подтрибинскиот простор, откако еден навивач реши физички да се пресмета со маскотата на Чикаго вајт хокс. Очигледно навивачот ги прецени своите можности, па за само неколку секунди изеде ќотек од маскотата, а згора на тоа се најде и во полициски извештај, посочен како виновник за инцидент, за што сега сигурно ќе добие и казна од органите на законот.
Видеото експресно се рашири преку социјалните мрежи, како „силен хокеарски фан“, јаде ќотек од маскота која вообичаено се фотографира со мали деца, но по потреба знае и да истепа некој насилен навивач.
Blackhawks mascot Tommy Hawk was attacked at the United Center by a fan, @madkenney reports. https://t.co/SxfFKvmeXd pic.twitter.com/ljlYDrmb4T
— Chicago Sun-Times (@Suntimes) December 16, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА