ЛУДИЛО во режија на Медведев: Беше пред елиминација па „одлепи“ и се врати од „мртвите“ (ВИДЕО)

Неверојатен меч беше одигран на почетокот на УС Опен во кој централна фигура одново беше рускиот тенисер Данил Медведев.

И оваа сезона не е во знакот на Русинот кој претрпе нова елиминација на стартот на четвртиот грен-слем во сезоната, овој пат од Бенџамин Бонзи кој славеше со 6-3, 7-5, 6-7(5-7), 0-6, 6-4 по голема драма и шестминутен прекин.

Бонзи имаше водство од 2-0 во сетови и меч топка при свој сервис, а откако ја промаши истата следеше повеќе минутен прекин поради фотограф кој мислејќи дека мечот е завршен влета во теренот за добра фотографија.

Судијата Грет Аленсворт греши и му доделува прв сервис на Бонзи по што Медведев „одлепува“, исто како и публиката по што следи целосен пресврт на теренот.

Медведев се препородува, Бонзи губи 10 гемови во низа, а кога се чини дека е готов, во петиот сет надоместува два брејка за триумф од 6-4 и пласман во следната фаза.

Се вчитува...