Лудило на улиците во Риека. Околу 1.500 навивачи синоќа во 23 часот и 59 минути испловија со траект на пат кон Сплит и „Пољуд“ каде денеска од 17 часот во јадранското дерби се среќаваат Ријека и Хајдук.
Ријека долго време не била вака блиску до титулата во Хрватска, а дуелот со Хајдук би можел да биде пресуден. Токму поради тоа е огромната еуфорија која ги зафати ријечани, па 1.500 навивачи ќе се најдат денеска на „Пољуд“.
Покрај организираното патување со брод, од навивачкиот клуб „Армада“ најавуваат дека околу 500 навивачи ќе пристигна во Сплит и со автобуси, како поддршка на групата која веќе замина со брод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА