Тимот на Синсинати се пласираше во четвртфиналето на УС Опен Купот, откако го победи Њујорк Ред Бул на пенали. Но, деталот кој ја одбележи средбата е 122. минута кога резервниот голман на Ред Бул, Карлос Коронел влезе во игра, но не на гол, туку да игра во нападот.
Синсинати дојде во предност во 42. минута кога Кубо ја затресе мрежата, а потоа Њујорк успеа да израмни 1:1 во последните минути од регуларниот дел и така да го однесе натпреварот во продолженија.
Во 30. минути од продолженијата немаше голови, а потоа во 122 минута изненадување. Тренерот на Њујорк се одлучи на теренот да го пушти Коронел, резервниот голман, но не да брани, туку да игра. Веројатно со овој потег сакал тој да шутира еден од пеналите, но не му дојде редот, затоа што Синсинати успеа претходно да го реши победникот.
The magic of @opencup! https://t.co/up0jLhYjvh pic.twitter.com/gXLdvekXox
— New York Red Bulls (@NewYorkRedBulls) May 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

