Ваков скандал не се памети: Камшикуван фудбалер на Ал Итихад веднаш по натпревар (видео)

Газдите на клубовите во Саудиска Арабија трошат милиони за да доведат звучни имиња во оваа лига, но вечерашниот скандал по мечот Ал Итихад – Ал Хилал сериозно ќе го наруши фудбалскиот углед во оваа земја.

Ал Итихад и Ал Хилал се сретнаа во финалето од Суперкупот на оваа земја, при што Ал Хилал славеше со убедливи 4-1, но дуелот ќе остане запаметен по страшниот инцидент откако фудбалерот на Ал Итихад, Абдеразак Хамдалах по мечот беше камшикуван од страна на еден противники навивач.

Мечот веќе беше завршен, Хамдалах со сребрениот медал на градите се наоѓаше пред трибината кога еден полуден навивач реши со камшик да го удира. Тој замавна неколку пати, најмалку еднаш и го погоди фудбалерот на Ал Итихад, пред дел од останатите играчи да реагираат и да биде спречен уште поголем инцидент.

Се вчитува...