„Лудило“ во Токио: Бразил водеше со 0-2, Анчелоти ги „измеша лончињата“ па загуби со 3-2! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јапонија победија по пресврт против Бразил (3-2), во пријателски натпревар одигран во Токио. Пред околу 50.000 навивачи, Јапонците успеаја да го надоместат дефицитот од два гола од првото полувреме со „кариоките“.

Карло Анчелоти малку ги измеша картите, но без оглед на тоа, Бразилците имаа предност преку Пауло Енрике и Габриел Мартинели по првите 45 минути

Во 26. минута, Енрике погоди по додавање од Бруно Гимараеш, додека Мартинели постигна гол шест минути подоцна по асистенција од Лукас Пакете.

Катастрофалната реакција на Фабрицио Бруно во 52. минута ја искористи Такуми Минамимо и со тоа ја врати надежта во домашниот тим.

Јапонија не застана тука, а двоен асистент беше резервниот фудбалер Џуња Ито. Прво, во 62. минута го пронајде Кеито Накамура, а потоа во 71. минута изведе корнер, по што Ајасе Уеда донесе целосен пресврт за Јапонија.

Јапонија и Бразил веќе обезбедија учество на Светското првенство во 2026 година.

Се вчитува...