ЛА Клиперс славеа против Денвер со убедливи 132-111 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.
Клиперс во поголемиот дел од мечот ја контролираа играта и резултатот, а во нивни прилог одеше и исклучувањето на Никола Јокиќ во третата четвртина. Јокиќ се спротистави на една судиска одлука, а потоа побесне во шесттата минута од третиот период па имаше и контакт со еден од судиите поради што следеше исклучувањето.
Тобиас Харис постигна 21 поен за ЛА Клиперс, како и Галинари, додека Харел дополни со 20 поени. Јокиќ имаше 19 поени и шест скока до исклучувањето.
„Најлудиот“ меч синоќа го одиграа Вашингтон и Феникс. По три продолженија славеа домашните со 149-146.
Бредли Бил постигна 40 поени, имаше и 15 асистенции и 11 скока. додека Брајант постигна 31 поен дополнети и со 13 скока. Кај Феникс, Букер постигна 33 поени дополнети и со 14 асистенции.
Филаделфија го победи Торонто со 126-101, а најдобар на паркетот беше домашниот центар Џоел Ембид со 27 поени и 11 скока, додека Симонс постигна 26 поени, плус со 12 скока и осум асистенции.
Хјустон славеше против Сан Антонио со 108-101, со 39 поени и 10 асистенции на Џејмс Харден. На спротивната страна ДеМар ДеРозан постигна 28 поени, со осум асистенции и седум скока.
Актуелниот шампион Голден стејт со 120-116 беше подобар од Далас на Лука Дончиќ. Дурант имаше 29 поени и 12 скока, Кари заврши со 22 поени, а кај Далас најефикасен беше Метјус со 25 поени, додека Дончиќ мечот го заврши со 19 поени.
Во последниот меч на вечерта Оклахома со 107-106 ја победи Јута на гостински терен. Пол Џорџ беше маестрален со 43 поени и 14 скока, а кај домашните се издвои Руди Гоберт со 20 поени и 10 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

