Фудбалскиот клуб Челси трето лето по ред троши најмногу пари на засилувања од сите клубови во Европа. Ова е трет летен преоден рок откако клубот го презеде ново раководство предводено од Тод Боели и Бехдад Егбали, односно откако Роман Абрамович се повлече од позицијата сопственик на клубот.
Политиката за трошење е „на сила“ и летово е активна бидејќи идејата е комплетно да се реновира тимот и да се ослободат од сите играчи кои беа во клубот за време на старото раководство.
Во моментов Челси има неверојатни 56 играчи во ростерот избрани од новиот тренер Енцо Мареска. Само во тековниот преоден рок на „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа 12 нови играчи. За бесмислените потези на клупските челници доволно говори и податокот дека тимот во моментов има дури осум голмани.
Најновото засилување на веројатно најбројниот тим во историјата на фудбалот е напаѓачот Нето, кој пристигна од Вулверхемптон за 54 милиони фунти. Севкупно, за новите играчи чија просечна возраст е 21 година, Челси летово плати 243 милиони фунти, а првиот од 12. трансфери досега ова лето беше завршен на 14 јуни.
Многу од 56. играчи во списокот ќе бидат испратени на позајмица, додека добар дел од тимот ќе биде продаден во тековниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА