Откако не и успеа на Италија да се пласира на Мундијалот во Катар на зелена маса на местото на Еквадор, сега со тој аргумент се служи и Чиле. Чилеанците наводно доставиле доказ до ФИФА дека фудбалерот Бајрон Кастилјо играл со лажни документи за репрезентацијата.
Адвокатот Едуардо Карлез кој го претставува фудбалскиот сојуз на Чиле, пронашол документ од 25 ноември 1996 година кој е верифициран од страна на црквата на 1. јуни оваа година, со што укажува на фалсификат.
Адвокатот тврди дека Кастилјо е роден во Колумбија 25. јули 1996 година, а не 10 ноември 1998 година во Еквадор, што ќе се обиде да докаже со сите документи кои ги пронашол во текот на истрагата.
Селекцијата на Еквадор беше четврта во групата и се пласираше на Мундијалот. Чиле, пак, заврши како седми, и се надева дека ќе го заземе местото на Еквадор. Претходно Италијанците поради истиот аргумент бараа исфрлање на Еквадор, и дозвола Италија да биде учесник на Мундијалот, што беше целосно апсурдно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА