„Лудилото“ продолжува: Тринкиери се премисли, не сака да биде тренер на Партизан

Сапуницата околу тренерското место во КК Партизан нема да биде разрешена наскоро, откако апсолутниот фаворит Андреа Тринкиери се премислил „во пет до дванаесет“ и ја одбил понудата да се врати на клупата на „црно-белите“.

Вчерашните информации говореа дека претседателот Мијаиловиќ го убедил Италијанецот да дојде назад во Партизан, но ситуацијата се променила синоќа, по објавата на сега веќе екс-тренерот Жељко Обрадовиќ во која директно го посочи актуелниот претседател за виновник за кризата во која се наоѓа белградскиот гигант.

Во текот на ноќта на социјалните мрежи беше објавен и италијанскиот телефонски број на Тринкиери, со „пригодна порака“: Не би било во ред да му кажете што мислите за него ако ја прифати понудата на Остоја Мијаиловиќ.

Притисокот очигледно стана огромен, па италијанските медиуми попладнево информираат дека Тринкиери го сменил ставот и веќе ги известил челниците на Партизан дека ја одбива нивната понуда.

Сапуницата продолжува…

Се вчитува...