ЛУДИОТ ФИНИШ ВО БИТОЛА: Одбрана на Хеидарирад и гол на Манасков за ерупција на „Боро Чурлевски“ (ВИДЕО)

Е. Пелистер одигра фантастичен натпревар во Лигата на шампионите и пред свои навивачи во Битола успеа да освои бод против Пари Сен Жермен и тоа во неверојатна трилер завршница.

Францускиот шампион водеше во голем дел од мечот, но домашните не се предаваа. Во последните секунди ПСЖ имаше шанса за победа, но голманот Хеидарирад направи неверојатна одбрана, а потоа Дејан Манасков во контранапад погоди за конечни 34-34.

Се вчитува...