Челси продолжува да чекори кон титулата во Премиер лигата. Новата победа стигна на гостувањето против Стоук, а фудбалерите на Антонио Конте до трите бода дојдоа во самиот финиш.
Голот за победа го постигна Гери Кејхил во 87. минута, па сето тоа Конте, вообичаено, го доживеа крајно емотивно… Едноставно уживате кога ќе видите како секогаш ги слави победите и головите на својот тим како да се работи за финале на Светско првенство…
Кога ќе ги видите сите негови реакции на фудбалските терени, едноставно се прашувате: Па смеат ли неговите играчи воопшто и да помислат на пораз кога покрај себе имаат таков тренер?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА