„Лудиот“ Мурињо беснеел во соблекувална: „Кукавици“, „Немате м*да“

Поранешниот фудбалер на Челси, Џо Кол во својата автобиографија откри интересна анегдота поврзана со харизматичниот португалски стратег Жозе Мурињо.

Кол се присети на атмосферата во соблекувалната по поразот на Челси од Барселона на „Камп Ноу“ во 2005 година кога Мурињо беснеел во соблекувалната.

„Вашиот прв голем тест како тим го паднавте. Дојдовте на „Камп Ноу“ и се сокривте. Кукавици. Нула храброст. Проклети гадови. Немате м*да“, открива Кол кој вели дека поштедени не биле ниту Петр Чех, Џон Тери, Френк Лампард..

Се вчитува...