Кошаркарот на Оклахома сити тандер, Расел Вестбрук, нема намера да за застане со уривањето на рекорди во НБА – лигата. Сега почна да ги урива статистичките показатели и на полувреме. Тој оствари трипл – дабл, веќе на полувреме од натпреварот против Хјустон рокетс, трет меч од плејофот. Зад името на Вестбрук останаа запишани 17 поени, 10 скока и 10 асистенции.
Неверојатниот Вестбрук стана и вториот играч во историјата кој забележа три последователни трипл-дабл остварувања во плчјофот во историјата на НБА, после Вилт Чемберлен, кој тоа го направи во далечната 1967 година, пред цели 50 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА