Невообичаена ситуација се случи за време на натпревар од 22-то коло од првенството на Босна и Херцеговина. Слога од Добој загуби од Борац со 4-0, а за време на натпреварот клубот го објави името на новиот тренер на социјалните мрежи.
Слога сезонава не игра добро во првенството на БиХ. Тие моментално се деветопласирани со 19 бодови на 22 натпревари, само еден бод пред последнопласираниот Рудар од Приједор. Постигнаа најмалку голови, и ја имаат третата најлоша одбрана во лигата. Во мечот од 22-то коло кој се одигра во петокот навечер, загубија со 4-0 од Борац Бања Лука, а за време на мечот клубот објави дека нов тренер е Недим Јусуфбеговиќ, кој практично се враќа на клупата.
– ФК Слога Меридијан го назначи Недимо Јусуфбеговиќ за нов шеф на тренерскиот штаб на првиот тим. Добредојде, Недим“-објави клубот.
Мечот го водеше помошникот Марко Мазалица, а пред него беше Марко Максимовиќ. Во својата кариера Јусуфбефовиќ беше помошник на клупата на БиХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

