Лудница во Бадалона – Димитријевиќ и Хувентуд го зедоа скалпот на шампионот

Хувентуд, во чии редови настапува и Ненад Димитријевиќ, оствари фантастичен резултат откако по голема битка го совлада шампионот Басконија со 83-82, со тројката што ја постигна Феран Басас со звукот на сирената. Мечот беше супердраматичен, Хувентуд прокоцка „плус 15“ што ги имаше пред крајот на третата четвртина, Басконија се врати и поведе во финишот, но домашниот состав сепак успеа да стигне до триумф.

Тимот од Бадалона имаше контрола во голем дел од мечот, но падот на концентрацијата во четвртата четвртина овозможи кошаркарите на Басконија да се вратат од двоцифрена негатива и благодарение на одличниот Хенри да поведат со пет поени на 74 секунди до крајот. Хувентуд сепак успеа да се врати, а откако токму Хенри промаши едно слободни фрлање при 80-82, тројката на Басас се покажа клучна за домашниот состав да стигне до победата.

Димитријевиќ, кој од клупата го следеше финишот од овој натпревар, реализираше седум поени (сите во првото полувреме), надополнети со два скока и две асистенции.

 

Се вчитува...