Лудница во Белград: Партизан се врати од „минус 19“, но на крајот сепак победи Црвена Звезда

Koшаркарите на Црвена Звезда славеа во вечното дерби против Партизан со 88-86 во 18. коло од регионалната АБА лига и со тоа веројатно го осигураа првото место пред плеј-офот.

Домаќините на овој меч длично го отворија натпреварот и по само десет минути игра веќе имаа двоцифрена предност од 28-15. До крајот на првото полувреме „црвено-белите“ успеаја да ја зголемат оваа предност и на пауза да заминат со плус седумнаесет (55-48).

Третиот период не донесе некои поголеми возбудувања, па и по 30 минути игра избраниците на Сферопулос имаа убава предност (72-56). Со тројката во првиот напад во последниот период Црвена звезда стигна и до највисоките плус 19 (75-56), но тука почна кам-бекот на гостинскиот тим. Избраниците на Обрадовиќ по кој знае кој пат во последниот период се разбудија и успеаја со одлична игра во последната минута да влезат со само четири поени негатива 83-79. Откако Гиедраитис реализираше две слободни фрлања, следеше тројка на Аврамовиќ со која Партизан намали на (85-82). Следеше изгубена топка на „црвено-белите“, а гостите тргнаа во напад за израмнување. Алекса Аврамовиќ искористи само едно од двете слободни фрлања (85-83), а мечот влезе во пенал завршница. На другата страна Недовиќ исто така промаши три слободни, а по новата глупост од страна на играчите на Црвена звезда Нанели со три погодни слободни донесе израмнување 86-86. Сепак, во последниот напад Јаго Досантос погоди, а домаќините на крајот славеа со 88-86.

Ханга со 15 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Нанели постигна 19 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...