Кошаркарите на Фени индустри славеа победа над Куманово (101-98), откако се извлекоа од пораз во регуларниот тек од мечот (83-83), а потоа беа подобри во продолжението. Тие имаа повеќе сили и концентрација во завршницата од мечот и успеаја да го скршат отпорот на Куманово. Гостите дефинитивно може да жалат за неискористените шанси на овој меч, затоа што имаа сигурно водство пред почетокот на последната четвртина.
Кумановци го добија првиот период со 18-22, а на полувреме заминаа со еден поен предност (39-40). Избраниците на Марјан Србиновски одлично одиграа во третата четвртина, во која се одлепија и стигнаа до водство од 51-63, пред решавачките последни десет минути.
Фени индустри полека ја топеше негативата и стигна до израмнување (75-75) на две и пол минути до крајот. Се влезе во неизвесна завршница, а со поените на Кире Николовски кавадарчани повторно израмнија на 81-81 на 22 секунди крајот.
Јанески го доведе Куманово во водство од 81-83, но возврати и Чешковиќ, па мечот отиде во продолжение (83-83).
И во дополнителните пет минути беше многу возбудливо. На една и пол минута до крајот резултатот беше израмнет 89-89, а потоа Кире Николовски постигна тројка за Фени. Јонел Браун погоди само едно слободно фрлање, а на спротивната страна нова тројка преку Пајиќ и водство за домашниот тим од 95-90. Мала надеж на кумановци им даде тројката на Живановиќ за 97-95, но Кире Николовски погоди две слободни фрлања. Во последниот напад Браун постигна уште една тројка, а Николовски уште две слобосни за конечни 101-98.
Младен Пантиќ беше најефикасен во таборот на Фени со 27 поени, а Кире Николовски уфрли 22. Димитар Караџовски запиша 27 поени во составот на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА