Лудница во Лион: Лаказет во 100. минута од пенал донесе победа со неверојатен пресврт (ВИДЕО)

Луд меч во Лион. Домашниот тим со пенал во 100. минута од средбата славеше триумф над Монпелје со 5-4, откако до 55. минута губеше со неверојатни 1-4.

Херој за Лион е Александре Лаказет кој постигна четири гола, а еден постигна Ловрен. Лаказет донесе предност за Лион во 31. минута, а потоа Вахи имаше неверојатни четири гола за водство од 1-3 до 55. минута.

Потоан а сцена стапи Лаказет кој во 59. минута намали на 2-4, па Ловрен донесе 3-4, а во 82. минута Лаказет одново за израмнување. И кога се чинеше дека со тој резултат ќе заврши мечот, Лаказет со пенал во 10. минута од судиското надополнување ги израдува домашните навивачи.

Се вчитува...