Брегалница и Тиквеш одиграа „луд“ натпревар во Штип на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Брегалница дојде до феноменална победа од 2-1, на радост на околу 2.000 навивачи на трибините, по целосен пресврт во последните минути од средбата и гол во 98. минута.
Тиквеш поведе по брз контранапад во 40. минута со голот на Едис Спахиу има водство од 0-1 на дербито на Истокот против Брегалница во Штип.
Кога се чинеше дека кавадарчани ќе однесат победа, најпрво Ѓорѓи Ѓорѓиев во 87. минута израмни на 1-1.
А, во 98. минута на сличен начин, по нафрлањето од прекин, повратникот во тимот Пепи Георгиев со глава постигна гол за триумф на Брегалница од 2-1.
ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
Тотре 29′(п)
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 0-1
Стамениќ 90′
Скопје: ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 3-0
Гронер 5′, 50′, Трапановски 45′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-1
Ѓ. Ѓорѓиев 87′, П. Георгиев 90’+8 – Спахиу 40′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0-0
ВЧЕРА
Гостивар: ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1
Слишковиќ 90′ – Мишковски 85′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

