Лудница во Турција: Промашија три пенали во 90. минута, голманот доби црвен картон, па им пресуди бекот…

Неверојатен натпревар се одигра во турската втора лига меѓу Усакспор и Ергене, откако гостите во самиот финиш промашија три удари од белата точка.

Голманот Ерсин Ајдин го одбрани првиот пенал, но истиот мораше да биде повторно изведен бидејќи домашниот чувар на мрежата излегол од гол-линијата. Тој доби жолт картон за овој престап, а една минута подоцна доби и втор жолт, воедно и црвен, откако судиите повторно проценија дека и при вториот одбранет пенал истрчал од гол-линијата пред да биде упатен шутот кон неговиот гол.

Замените веќе беа извршени, па на голот на Усакспор застана бекот Левент Актуг, кој се претвори во херој на мечот откако го одбрани и третиот пенал што гостите го упатија.

Се вчитува...