Вардар и Металург во сезоната 2013/2014 испишаа историја во ракометната Лига на шампиони откако беа првите два тима во историјата на ова натпреварување кои од ист град се сретнале меѓусебно.
Еден од дуелите кои се играше во СЦ „Борис Трајковски“ го водеше германската судиска двојка Ларс Гејпел и Маркус Хелбриг. Тие се сеќаваат на мечот во Скопје велејќи дека такво лудо искуство не доживеале на друго место.
„Има еден меч кој секогаш ми е во главата. Го водевме градското дерби во Лигата на шампионите меѓу Металург и Вардар, тоа беше вистински пекол кој ни донесе големо искуство. И ден денеска се сеќаваме на тој меч. Не гаѓаа со столчиња е до толку беше лудо. Неколку столчиња летнаа на терен од страна на публиката, но не би сакале да одиме во детали. Тоа беше еден од најпеколните натпревари кои сме имале шанса да го судиме“, едногласни се судиите.
Целиот натпревар можете да го погледнете во прилог:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА