Лудо дерби во Германија: Борусија Д. се спаси од пораз од Баерн во последната секунда (ВИДЕО)

Баерн Минхен имаше 0-2 од Дортмунд, меѓутоа храбрата игра на Борусија во финишот придонесе да освојат еден бод, благодарение на „џокерот“ од клупата Антонио Модесте кој на крајот забележа асистенција и гол. Лудото дерби во Германија во финишот го доби конечниот епилог, по бод за двата тима, односно Борусија може да биде позадоволна што го избегна поразот.

Практично, Баерн од својот прв удар и опасна шанса стигна до гол. Горецка во 33. минута успеа да погоди и така да донесе предност на полувремето за гостите. Во вториот дел нов „шок“ за Борусија Дортмунд, откако Сане погоди во 53. минута и така го однесе Баерн  на 0-2. Трошка надеж за добар резултат донесе голот на Мукоко во 74. минута. 

Борусија Дортмунд продолжи да напаѓа, Модесте имаше прилика за 2-2, но не успеа да го совлада Нојер. Потоа Баерн остана со играч помалку после исклучувањето на Коман во 90. минута. Сепак, Модесте во 94. минута успеа да го совлада Нојер и да освои бод во дуелот со шампионот.

Борусија со тоа остана непоразена од дуелот со Баерн после четири години, односно од 2018 година во Бундеслигата.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...