Лудо дерби во Хрватска: Динамо со гол во 102. минута се спаси од пораз од Хајдук

Динамо Загреб и Хајдук одиграа драматично дерби во кое домаќинот со многу среќа се спаси од пораз, со гол постигнат во 12. минута од судиското продолжение преку Хоза.

Актуелниот првак влезе како првопласиран во дербитo, но Динамо одигра под своите можности, поголемо внимание обрна на сопствениот отколку на противничкиот гол мачејќи се да искреира шанса. Голот на Бељо во првото полувреме беше поништен со ВАР, па шампионот се најде на работ на амбисот откако Шего се најде на вистинското место и ги доведе гостите во водство.

Динамо тргна на се или ништо, судијата покажа 13 минути продолжување во вториот дел, па во 102. минута конечно стига и до реми преку Хоџа, кој натрча на одбиената топка по одбранетиот удар на Куленовиќ.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...