Арсенал и Тотенхем ремизираа 2-2 во „лондонската војна“, во најинтересниот натпревар во Премиер-лигата оваа сезона. Мечот изобилуваше со шанси на двете страни, како и со жестоки дуели, за на крајот сепак да дојде до поделба на пленот.
Тотенхем ќе биде тимот што повеќе ќе жали, ако се знае дека „спарси“ имаа предност од 0-2 со головите на Ериксен и на Кејн. „Топчиите“ се вратија кога беше најважно, во судиското продолжение од првото полувреме, кога Лаказет одлично ја смести топката во мрежата на Љорис.
Тоа им даде крилја на домаќините уште повеќе да нападнат во вториот дел, но Тотенхем пропушти одлична шанса кога ударот на Кејн заврши во дирекот. Израмнувањето стигна во 71. минута преку Обамејанг, на асистенција на Гвендузи.
И двете екипи имаа свои шанси во завршните 20 минути, за на крајот овој суперинтересен натпревар да заврши без победник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА