Лацио го претрпе третиот пораз во низа во Серија А откако во последниот натпревар од 28. коло загуби од Удинезе со 1-2 во натпревар во кој трите гола беа постигнати во период од само четири минути.
Откако мрежите мируваа во првото полувреме со гол во 47. минута Лука донесе предност од 0-1 за Удинезе. Водството на гостите траеше само до 49. минута кога по автоголот на Гианети, Лацио изедначи на 1-1, но предноста ја задржаа само две минути бидејќи Зарага со гол во 51. минута го врати Удинезе во предност.
Трите бода се од големо значење за Удинезе со кои ја избегна зоната која води во второлигашкиот фудбал, додека Лацио останува на деветтото место на табелата со 40 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА