Неверојатно прво полувреме ни прикажаа екипите на Баер Леверкузен и Волфсбург во првиот денешен натпревар од 4. коло од новата сезона во најсилното германски фудбалско натпреварување, Бундеслигата.
По 45 минути гостите имаат предност против шампионот од 2-3. Волфсбург стигна до водство од 0-1 со автоголот на Мукеле во 5. минута. Следуваа два гола на домаќините, Вирц во 14. и Тах во 32. минута за целосен пресврт и водствод од 2-1. Сепак, до крајот на првиот дел гостите повторно стигнаа до водство, откако прво преку Борнау во 37. минута израмнија на 2-2, а потоа поведоа со голот на Сванберг во првата минута од судиското надополнување.
Bayer Leverkusen 2-[2] Wolfsburg – Sebastiaan Bornauw 37'
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА